
Зинедин Зидан e блиску до враќање во Реал Мадрид. „Ел Насионал“ тврди дека Французинот е главен кандидат да го наследи сегашниот тренер на „кралевите“, Карло Анчелоти, кога тој ќе го напушти клубот.
Договорот на Италијанецот е до летото 2026 година, но не е исклучено да се повлече уште по завршувањето на сезоната што започнува наредниот месец.
Зидан присуствуваше на претставувањето на Килијан Мбапе, кој повеќепати има изјавено дека легендарниот играч од средината на теренот е негов идол. Зизу пристигна во Мадрид како играч во летото 2001 година, откако Флорентино Перез плати 77,5 милиони евра на Јувентус, претворајќи го во најскапото засилување во историјата во тоа време. Со неговото пристигнување започна ерата на првото „Галактико“. Тој играше пет сезони на „Сантијаго Бернабеу“, каде што стана икона на навивачите на Реал Мадрид.

Французинот беше помошник на Анчелоти за време на првиот престој на Италијанецот на чело на „кралскиот клуб“, а исто така бил и технички директор. Во јануари 2016 година тој застана на чело на првиот тим на Реал и освои три трофеи во Лигата на шампионите, достигнување што ќе биде многу тешко за секој тренер да го повтори. Во вкупно шест сезони на чело на „кралевите“, тој освои вкупно 11 трофеи. Ова ќе биде посебно важен фактор кога Перез ќе бара заменик на Анчелоти.
Зидан веќе одби неколку понуди за работа во Англија, бидејќи сака да се врати во Реал Мадрид. Долго време се тврдеше дека тој чека да го заземе местото на Дидие Дешамп на кормилото на Франција, но тоа тешко дека ќе се случи пред Светското првенство во 2026 година во САД.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мохамед Кудус пред трансфер во Тотенхем

Интернационалци
Јани Атанасов се врати во Краковија

Евро-фудбал
Тами Ејбрахам ќе потпише за Бешикташ

Евро-фудбал
Луис Енрике: Одигравме перфектен меч

Евро-фудбал
Баерн во голеадата поуспешен од Фламенго (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
