
Белгискиот интернационалец Ромелу Лукаку, кој официјално е напаѓач на Челси, очајно сака повторно да работи со Антонио Конте. Тој се сложил да ја намали својата плата од 11 милиони евра на шест милиони за да потпише за Наполи.
Сепак, овој трансфер сѐ уште зависи од преговорите меѓу Челси и Наполи, како и од преговорите меѓу Наполи и ПСЖ околу Виктор Осимен, напаѓачот на „наполитанците“ кој е пред преселба во Париз.
Антонио Конте верува дека Лукаку совршено ќе се вклопи во неговиот систем на игра и дека би можел да формира нов одличен тандем со Квича Кварацкелија.
Наполи бара за Виктор Осимен отштета од 130 милиони евра, колку што стои во неговиот договор, а ПСЖ ќе се обиде да го доведе во Париз за 100 милиони и еден играч кој би бил вклучен во пакетот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
