
Аргентинската мегаѕвезда Лионел Меси е единствениот фудбалер во друштвото на 10 најдобри спортисти на 21 век, избрани според „ЕСПН“.
Легендарниот пливач Мајкл Фелпс е на првото место, пред тенисерката Серена Вилијамс, а на високото трето место е Лео меси.
Потоа следува еден од најголемите кошаркари во историјата Леброн Џејмс, седумкратниот освојувач на Супербоул Том Брејди, швајцарскиот тениски мајстор Роџер Федерер, седумкратната олимписка медалистка во спортска гимнастика Симон Бајлс, голф легендата Тајгер Вудс, светскиот рекордер на 100 метри, Усеин Болт и покојниот кошаркар Коби Брајант.
Непосредно зад првата „десетка“ се тенисерите Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, Кристијано Роналдо (фудбал) и Стеф Кари (кошарка).
Еве го Топ 10 на најголемите спортисти на векот:
Мајкл Фелпс (пливање)
Серена Вилијамс (тенис)
Лионел Меси (фудбал)
Леброн Џејмс (кошарка)
Том Брејди (американски фудбал)
Роџер Федерер (тенис)
Симон Бајлс (спортска гимнастика)
Тајгер Вудс (голф)
Усеин Болт (атлетика)
Коби Брајант (кошарка)

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
