
Фудбалерите на Брегалница денеска ги завршуваат десетдневните подготовки во Дојран, каде работеа под идеални услови користејќи ги услугите на спортскиот комплекс „Истатов“.
Извонреден домаќин на „сините“ беше Хотел Истатов кој овозможи беспрекорни услови за подготовка на тимот, во насока на што поуспешно минување низ пролетниот дел од сезоната во Втората лига – Исток.
„Огромна благодарност до Хотел Истатов за професионалната услуга, максималното почитување на сите мерки за здравствена заштита како и на препознатливата гостопримливост. ФК Брегалница добро знаеше каде доаѓа уште кога го одбравме Дојран како центар за нашите подготовки, а сето тоа е потврдено низ изминатите десет дена“ – истакна извршниот директор на Брегалница, Емил Тодев.
За избраниците на Марјан Секуловски денеска на југот од земјата останува уште пријателскиот натпревар од 13 часот со Кожуф во Гевгелија, по што следи враќањето за Штип.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
