
Мејсон Гринвуд официјално е нов фудбалер на Олимпик Марсеј. Францускиот прволигаш го објави ангажманот на 22-годишниот Англичанец.
Марсеј ќе плати 31,6 милиони евра за правата на досегашниот клуб Манчестер Јунајтед, при што Црвените ѓаволи ќе си задржат и сериозен процент од следната продажба на играчот.
Гринвуд е младинец на Манчестер Јунајтед, но минатата сезона беше испратен на позајмица во Хетафе по сериозниот скандал во кој се вмеша. Тој беше обвинет за обид за силување од својата девојка, која подоцна ги повлече обвиненијата, но дамката врз имиџот на играчот остана и тоа е една од главните причини поради кои Манчестер јунајтед се раздели со него.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
