Connect with us

Шаркоски е ново засилување за Вардар

Најтрофејниот македонски клуб Вардар доведе уште едно засилување, овојпат од македонскиот шампионат. Нов фудбалер на „црвено-црните“ е Николче Шаркоски, кој доаѓа од Воска Спорт, а претходно настапуваше за Работнички, Брера, Пелистер и за Победа.

Се работи за поливалентен играч кој може да игра на повеќе позиции во тимот, најчесто по десната страна на теренот.

Во стручниот штаб се приклучува и Горан Петрески – Чунга, кој денеска исто така допатува на подготовки во Словенија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови