Лукас Васкез стана вториот фудбалер на Реал Мадрид кој овие денови официјално го продолжи својот договор. Како и во случајот со Лука Модриќ, новата зделка е за 12 месеци – до крајот на следната сезона.
Васкез има периферна улога и претежно е резерва, но независно од тоа, во следната сезона ќе биде трет капитен по Хрватот и Дани Карвахал.
Тој е во школата на Реал Мадрид од 16-годишна возраст, а во сениорскиот фудбал играл само за „кралевите“, освен една сезона на позајмица во Еспањол (2014/15).
Во меѓувреме од „Сантијаго Бернабеу“ си заминаа други двајца играчи над 30-годишна возраст и со истечени договори – пензионираниот Тони Крос и Начо Фернандез, кој се пресели во првенството на Саудиска Арабија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













