
Новиот италијански калчолигаш Комо официјално го објави ангажманот на голманот Пепе Реина како слободен агент. 41-годишниот ветеран потпиша договор со новиот клуб за претстојната сезона.
Пепе Реина последно играше за Вилјареал, но договорот му истече, така што ќе има можност да игра за деветтиот клуб во кариерата која ја започна уште во 2000 година во Барселона. Освен за „жолтата подморница“ и за каталонците, поранешниот шпански репрезентативец беше дел и од Ливерпул, Наполи, Лацио, Милан, Астон Вила и Баерн Минхен, со најмногу одиграни натпревари за „црвените“ – 394 од вкупно 939 на клупско ниво.
Read the official statement ➡️ https://t.co/RxUTWubH8a
— Como1907 (@Como_1907) July 18, 2024
Интересно е што сега искусниот голман, кој на крајот од август ќе наполни 42 години, ќе игра под водство на поранешниот соиграч од националниот тим на Шпанија, Цеск Фабрегас, со кого освоија Светското првенство и двапати беа европски шампиони.
„Возбудени сме што го пречекуваме Пепе во клубот. Тој е голман со огромно меѓународно искуство и голем натпреварувачки карактер. Поради овие причини сум убеден дека ќе му помогне на тимот да напредува и да се развива“, изјави Фабрегас.
Пепе Реина исто така изрази задоволство од својот трансфер.
„Пристигнувам во прекрасен проект и во едно семејство кое продолжува да расте и да се обидува да ја подигнува летвичката секоја година. Се враќам во првенство кое добро го познавам и сум свесен дека е многу конкурентно. Од моја страна, сакам да го дадам својот придонес за развојот на овој клуб“, истакна Реина.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија подобра од Аргеш Питешти
