Раководството на Реал Мадрид ќе се обиде да го доведе дефанзивецот на Ал-Наср, Ејмерик Лапорт, откако клубот претрпе неуспех во преговорите за талентот на Лил, Лени Јоро. Французинот се договори со Манчестер Јунајтед и по сè изгледа дека ќе ја продолжи својата кариера на „Олд Трафорд”.
Јоро беше посакуван од многу клубови, но условите понудени од „црвените ѓаволи“ беа најпривлечни за младиот фудбалер.
Како план Б, Реал размислува да понуди договор за многу поискусниот шпански репрезентативец Лапорт. Централниот дефанзивец беше интересен за „кралскиот клуб“ уште кога играше за Манчестер Сити.
30-годишниот Лапорт ги напушти „граѓаните“ минатата сезона, откако доби неодолива понуда од Ал-Наср.
Реал Мадрид итно бара нови засилувања во одбраната, откако капитенот Начо и Рафа Марин го напуштија клубот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski