Connect with us

Струга ТЛ прими два гола од Слован по првиот дел и во Охрид (ВИДЕО)

Македонскиот првак Струга Трим Лум има негатива од 0-2 против Слован Братислава по првото полувреме од реванш мечот на „Билјанини извори“ во Охрид. Некако слично се развиваат настаните како и на првиот дуел во Братислава.

Владимир Вајс јуниор во деветтата минута донесе предност за Слован Братислава на дуелот во Охрид. Тој беше проигран од Стрелец, успеа да мине неколку играчи во одбраната на Струга ТЛ и со прецизен удар го совлада Дујмовиќ.

Струга ТЛ се обидуваше со удари од далечина, најчесто преку Бесарт Ибраими и Стефан Спировски, но тие сепак не беа прецизни. 

Во 34.минута, Кире Ристевски по дуелот со Давид Стрелец во сопствениот шеснаесетник, во обид да расчисти, си постигна автогол.

Струга ТЛ имаше уште една шанса за погодок, но Сава Радич не беше прецизен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови