Тренерот на Струга Трим Лум, Ќатип Османи, направи две замени во стартниот тим во однос на првиот меч со Слован во Братислава. На денешниот реванш меч во Охрид, стартери се Марјан Радески и Стефан Спировски.
На местото на Малески во нападот влезе поискусниот Марјан Радески, а на местото на Укпа стартер е Спировски. Најновото засилување Кехинде е на клупата за резерви.

Натпреварот меѓу Струга Трим Лум и Слован Братислава на стадионот „Билјанини извори“ почнува во 17 часот, а словачкиот шампион има предност од 4-2 по првите 90 минути.
Победникот од овој двомеч во второто квалификациско коло во ЛШ ќе игра против словенечкиот тим Целје, додека поразениот ќе игра во второто квалификациско коло во Конференциската лига против Динамо Минск (Белорусија) или Пјуник (Ерменија).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













