Македонскиот шампион Струга Трим Лум денеска во Охрид го пречекува словачкиот шампион Слован Братислава во реванш натпреварот од првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Словаците донесоа предност од два гола (4-2) од првиот меч, но тренерот Владимир Вајс не се залажува дека лесно ќе ја минат оваа пречка.
„Очекуваме тежок натпревар. Победивме 4-2 на домашен терен, но овде не нè очекува ништо лесно. Противникот сака да го сврти текот на двомечот, што е сосема природно. Ќе мора да го контролираме натпреварот добро, но истовремено да бидеме опасни во нападот. И посебно треба да бидеме ментално подготвени за оваа средина, атмосфера и терен. Верувам дека сме доволно искусни и ќе пристапиме кон натпреварот на начин што ќе ни овозможи да го управуваме и да ја оствариме целта, да се пласираме во следната рунда“, вели тренер на Слован, Владимир Вајс.

Тој знае дека во Струга ТЛ има неколку фудбалери кои можат да му создадат големи проблеми на наговиот тим.
„Имаат одлични фудбалери, поединци кои можат да направат големи проблеми ако им оставите поголем простор. Мора да бидеме цврсти на секој дел од теренот и да не дозволиме домаќинот да наметне своја игра“, потенцираше тренерот на Слован Братислава.
Мечот меѓу Струга Трим Лум и Слован Братислава се игра денеска со почеток од 17 часот, на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













