
Челниците на англискиот фудбал ја разгледуваат можноста да му го доверат националниот тим на Пеп Гвардиола. Според медиумите на Островот, Фудбалската асоцијација е подготвена да чека до следното лето, кога истекува договорот на Шпанецот како менаџер на Манчестер Сити. Во меѓувреме, ќе биде назначен времен селектор кој ќе го води тимот на претстојните натпревари.
Оваа опција е на маса откако вчера Гeрет Саутгејт се повлече од позицијата селектор на гордиот Албион.
Гвардиола е во англискиот фудбал веќе осум години и има извонредни шест титули во Премиер – лигата.
Тимот на Англија се соочува со учество во Лигата на нациите, каде што тимот испадна од елитната дивизија А. Квалификациите за СП 2026 започнуваат на крајот на март 2025 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
