Connect with us

Реал Мадрид не застанува: После Мбапе, на „Барнабеу“ доаѓа Трент Александер-Арнолд

Европскиот и шпански шампион Реал Мадрид вчера го претстави Килијан Мбапе, а веќе од денеска претседателот Флорентино Перез тргнува во нов „лов“.

„Кралевите“ сакаат да го доведат Трент Александер-Арнолд (25) од Ливерпул, а нивниот контакт трае веќе неколку месеци. Десниот бек на Ливерпул наводно е заинтересиран за тој трансфер, а Реал почнал да презема конкретни чекори за да го реализира.


Александер-Арнолд е дете на Ливерпул, а му останува уште една година од договорот. Токму поради ова и заинтересираноста на Реал за одличниот англиски репрезентативец.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови