Connect with us

Кингсли Коман ја одби понудата на Фенербахче

Францускиот репрезентативец Кингсли Коман одби трансфер во Фенербахче, бидејќи нема намера да ја продолжи кариерата во Турција.

Фудбалерот на Баерн Минхен, сепак, гледа на враќање во Пари Сен Жермен како прифатлива опција, доколку францускиот клуб испрати понуда за негово доведување, тврди германскиот весник „Билд“.

Раководството на Баерн ќе инсистира на 50 милиони евра за евентуална разделба со 28-годишниот офанзивен играч за врска.

Коман го напушти Пари Сен Жермен во 2014 година, кога прејде во италијанскиот калочигаш Јувентус, а подоцна замина во германскиот гигант Баерн Минхен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови