Англискиот крилен напаѓач Џејдон Санчо ќе остане во Манчестер Јунајтед и ќе добие нова шанса под менаџерот Ерик тен Хаг, откриваат медиумите на Островот.
Санчо се врати во клубот по позајмицата во Борусија Дортмунд. Во Германија имаше многу добра сезона, играше во финалето на Лигата на шампионите, но Герет Саутгејт не го вклучи во составот на репрезентацијата на Англија за Европското првенство.
Се очекуваше дека Манчестер Јунајтед ќе го продаде, но ситуацијата се промени.
Санчо не беше во составот на Јунајтед за првиот подготвителен натпревар во Трондхајм, каде што клубот од „Олд Трафорд“ загуби од Розенборг со резултат 1-0.
Ерик тен Хаг, сепак, подвлече дека Санчо сега има нова шанса да се докаже.
„Како што рековме, подвлековме линија под сѐ. На Манчестер Јунајтед му се потребни добри играчи, а Џејдон дефинитивно е таков. Продолжуваме понатаму“, изјави Тен Хаг.
Санчо има договор со Манчестер Јунајтед до јуни 2026 година, со опција за продолжување на уште една година.
За Манчестер Јунајтед има постигнато 12 голови на 84 натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













