Connect with us

Манчестер Сити ја одби првата понуда од Ал-Наср за Едерсон

Манчестер Сити ја одби понудата на Ал-Наср за голманот Едерсон. Според медиумите на Островот, саудискиот клуб понудил 25 милиони за 30-годишниот Бразилец, но Сити ја одби понудата бидејќи сака да добие двојно повеќе за голманот.


Се наведува дека страните би можеле да се договорат за 40 милиони евра. Голманот има желба да го напушти „Итихад“.

Едерсон игра за Манчестер Сити од 2017 година. Досега има одиграно 332 натпревари за тимот, примил 257 голови и има сочувано 155 „чисти мрежи“.


Договорот на Едерсон со Манчестер Сити е до летото 2026 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови