
Фудбалерот на второлигашот Охрид Лихнидос, Един Мерсовски, е херој на денот откако спасил три малолетни деца кои се давеле во Охридското езеро. Со брза реакција Мерсовски успеал да ги извлече децата од студената вода, а потоа стигнал дури и да го одработи закажаниот клупски тренинг.
„Најпрво мислевме дека играат и покрај тоа што е чудно ова време во вода да се капат, но многу брзо сфатив дека нешто не е во ред. Многу луѓе кои се шетаа по кејот застанаа и гледаа. Од обала се гледаше дека се обидуваат да испливаат, но дека не можат. Веднаш скокнав по нив. Како ги влечев ги подавав на другарите да ги извлечат од водата, раскажува Мерсовски за порталот „news 1.мк“.
По инцидентот, спасителот од исплашените деца разбрал дека додека седеле на мостот, едно од дечињата се лизнало и паднало во водата, а другарчињата сакајќи да му помогнат скокнале по него. Студената вода и стресот кај дечињата кои се на воздраст од 8 и 9 години си го направил своето. Децата наместо да се извлечат едно со друго, езерска вода почнала да ги повлекува надолу. За среќа, на вистинско место се нашол Един Мерсовски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија

Евро-фудбал
Меси донесе финале за Интер Мајами (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Сасуоло го претстави Немања Матиќ

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
