
Француската суперѕвезда Килијан Мбапе денеска напладне ќе биде официјално претставен како фудбалер на Реал Мадрид на преполниот „Сантијаго Бернабеу“. Церемонијата ќе започне точно во 12 часот, најавуваат шпанските медиуми.
Се очекува на стадионот во шпанската престолнина да присуствуваат над 85.000 гледачи, со што Французинот ќе го сруши рекордот што Кристијано Роналдо го постави при своето претставување пред фановите на „кралевите“ пред 15 години.
Пред своето официјално претставување, Мбапе ќе потпише петгодишен договор со претседателот на Реал, Флорентино Перез, пред да влезе на стадионот напладне за да ги поздрави фановите, по што ќе одржи прес-конференција.
KYLIAN MBAPPÉ SIGNING REAL MADRID SHIRTS. 🤍✍️ pic.twitter.com/Qqyl19Ioi5
— 𝙇𝘽𝙕 (@losblancoszone) July 16, 2024
Иако новите негови соиграчи започнаа со тренинзи на 15 јули, напаѓачот, кој беше капитен на Франција за време на ЕВРО 2024, ќе има уште неколку дена одмор пред да ја започне сезоната во шпанската престолнина.
Клупските лекари ќе сакаат да го прегледаат неговиот нос, кој беше скршен за време на победата на Франција со 1-0 против Австрија на 18 јуни во групната фаза, иако подоцна Франција беше елиминирана во полуфиналето од Шпанија.
За Мбапе и Реал Мадрид, ова е кулминација на една долгоочекувана врска.
25-годишниот играч, кој вели дека отсекогаш бил фан на „кралскиот клуб“ и на Роналдо, ќе го носи дресот со број „9“, кој беше пуштен во продажба на 11 јули во продавниците на Реал, кои се покриени со неговиот лик.
🚨 Real Madrid are planning a momentous presentation for Kylian Mbappé today. 😱
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 16, 2024
(🎥 @jcairetaserra)
pic.twitter.com/uh2lMCRAwq
Доаѓајќи од Пари Сен Жермен, на кој му се приклучи во 2017 година, Мбапе пристигнува по разочарувачки настап на Европското првенство, каде неговиот ѕвезден лик беше засенет од новата тинејџерска сензација на Шпанија, Ламин Јамал.
По тешката сезон во ПСЖ, тој реши да не го обновува својот договор. Напаѓачот, кој е најдобриот стрелец на парискиот клуб за сите времиња, призна дека се почувствувал „ослободен и олеснет“ од трансферот во Реал.
„Ова е огромно задоволство и остварување на сонот. Ова е клубот во кој отсекогаш сум сонувал да бидам“, рече тој во јуни.
„Одам таму со многу возбуда и со многу скромност“, додаде Мбапе.
Како актуелен освојувач на титулата во шпанската Ла Лига, Реал Мадрид ја започнува својата сезона со натпревар против Мајорка викендот на 17-18 август.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барселона се пофали со голманот Жоан Гарсија

Евро-фудбал
Барселона се пофали со голманот Жоан Гарсија
