Connect with us

Фиеста низ улиците на Мадрид: Шпанија ги слави европските шампиони (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Шпанија се врати дома откако го освои Европското првенство во Германија победувајќи ја Англија со 2-1 во финалето. Стотици илјади фанови ги пречекаа своите херои на улиците на Мадрид, а подоцна и на главниот градски плоштад, Сибелес.

Новите европски шампиони ги примија шпанскиот крал Фелипе и кралицата Инфанта Софија, а потоа со отворен автобус поминаа низ градот. Веќе во раните попладневни часови, навивачите почнаа да се собираат во центарот на Мадрид. Прославата трае од неделата, а несомнено ќе трае до следното утро.

И премиерот Педро Санчез ги прими фудбалерите кои на Шпанија и ја донесоа четвртата титула за најдобри на континентот.

„Ви благодариме што ја покажавте најдобрата верзија на Шпанија“, рече Санчез. „Ова беше како филмска приказна“, додаде тој, величејќи ги играчите кои ги победија Хрватска, Италија, Албанија, Грузија, домаќинот Германија, Франција и Англија во седумте натпревари до трофејот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови