
Најдобриот стрелец во историјата на француската фудбалска репрезентација Оливие Жиру (37) се прости од дресот на „триколорите“.
„Дојде моментот од кој се плашев, да се збогувам со француската репрезентација“, напиша тој на својот Инстаграм. „Мојата кариера во францускиот дрес не беше секогаш долга, тивка река, понекогаш страдав од критики, но длабоко во себе, никогаш не престанав да верувам во тоа“, истакна Жиру.
„Станавме неразделна група пријатели под будното око на еден човек, Дидие Дешамп, кому му благодарам за довербата. И покрај нашите подеми и падови, тој ми дозволи да станам најдобар стрелец во историјата на сините“, изјави Жиру, кој од следната сезона ќе игра за Лос Анџелес во МЛС – лигата на САД.
Оливие Жиру забележа 137 настапи, само Хуго Лорис (145) и Лилијан Турам (142) собраа повеќе, и постигна рекордни 57 гола. Во дресот на Франција ја освои светската титула во 2018 година, светското сребро четири години подоцна, европското сребро во 2016 година и Лигата на нации во 2021 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барселона се пофали со голманот Жоан Гарсија

Евро-фудбал
Барселона се пофали со голманот Жоан Гарсија
