Герет Саутгејт ја одведе Англија до две последовни финалиња на Европско првенство, но голем број жестоки критичари бараат негово заминување од клупата на англиската репрезентација затоа што не успеа да го освои трофејот. Веднаш по поразот од Шпанија во финалето на Европското првенство, новинарите го прашаа Саутгејт дали ќе даде оставка.
„Мислам дека сега не е вистинското време за таква одлука. Морам да разговарам со вистинските луѓе. Засега не би сакал да зборувам за тоа“, изјави Саутгејт.
Очигледно ќе треба да почекаме за да видиме како ќе заврши оваа приказна, но се помалку луѓе веруваат дека Англија со Саутгејт ќе го направи посакуваниот исчекор.
Легендарниот Гери Линекер е еден од нив. Најдобриот стрелец на Светското првенство 1986 смета дека Саутгејт направил многу позитивни работи откако ја презеде клупата на Англија во 2016 година, но дека е време да го наследи некој со свежи идеи.
„Мислам дека тој беше вистинската личност за да ја обедини нацијата околу фудбалската репрезентација, но сега можеби е време некој друг да игра модерен, напаѓачки фудбал. Мислам дека самата игра отиде во насока каде што не можеш да бидеш успешен ако играш многу дефанзивно“, изјави Линекер во подкастот „The Rest Is Football“.
Со оглед дека Јирген Клоп моментно е слободен, водителот го праша дали мисли дека Германецот би бил вистинското решение.
„Јас би одел на поголем од него. На Пеп Гвардиола. Клоп изгледа како да нема желба за работа во моментов, неговата желба е само да се одмори“, истакна Линекер.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski