Швајцарскиот репрезентативец Џердан Шаќири официјално ја заврши кариера во националниот тим. Играчот од средниот ред објави емотивна порака на социјалните мрежи.
„Седум турнири, многу голови, 14 години со швајцарската репрезентација и незаборавни моменти. Време е да се простам од националниот тим. Прекрасните спомени остануваат и сакам да им кажам на сите – ви благодарам!“, напиша тој на „X“.
Последниот турнир за Шаќири беше ЕВРО 2024, каде што се појави како резерва во селекцијата на Мурат Јакин. Швајцарците го завршија настапот по пеналите во четвртфиналето против Англија.
Sieben Turniere, viele Tore, 14 Jahre Schweizer A-Nationalmannschaft und unvergessliche Momente. Es ist Zeit, mich von der Nati zu verabschieden. Tolle Erinnerungen bleiben und dafür sage ich euch allen: DANKE, MERCI, GRAZIE, FALEMINDERIT. 🇨🇭❤️… pic.twitter.com/qT9OoQK79x
— Xherdan Shaqiri (@XS_11official) July 15, 2024
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski