Еден месец пред почетокот на сезоната во Ла Лига, Барселона доби непријатна вест дека нема да може да смета на Роналд Араухо речиси до крајот на годината. Каталонскиот весник „Спорт“ открива дека дефанзивец ќе биде опериран и ќе биде отсутен околу четири месеци.
Тој се повреди додека играше за Уругвај во натпревар против Бразил на Копа Америка. Првично се сметаше дека ќе биде надвор од терените не повеќе од два месеци, но прегледите направени во Барселона покажале сериозен проблем.
Араухо дал согласност за хируршка интервенција, што значи дека сигурно нема да го видиме на терен пред декември.
Дополнително, Педри исто така е повреден и ќе ја пропушти целата претсезона, но се очекува да се врати до крајот на август.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













