Connect with us

Хамес Родригез блесна на Копа Америка и доби понуда од Баер Леверкузен

Колумбискиот репрезентативец Хамес Родригез блесна како пред десетина години, стигна до финалето на Копа Америка со својата селекција, каде загуби од Аргентина (1-0 по продолженија), но потсети дека сѐ уште е одличен играч освојувајќи го МВП признанието на турнирот. По ова, дојде веднаш и понуда да го засили новиот германски шампион Баер Леверкузен.

Хамес Рпдригез некогаш беше голема ѕвезда. По фантастичното Светско првенство во 2014 година, Реал Мадрид го купи од Монако за 75 милиони евра и веднаш во првата сезона беше прогласен за најдобар играч во средината на теренот во Ла Лига. УЕФА го вклучи во најдобриот тим за 2015 година, а подоцна беше одличен и во Баерн Минхен, каде во 2017 година влезе во најдобриот состав на Бундес-лигата.

Сепак, изминатите години не му одеше толку добро. Во летото 2020 година, како слободен играч, прејде во Евертон, а по една сезона се пресели во катарскиот Ал-Рајан.


Во Европа се врати во 2022 година како играч на Олимпијакос, но Грците му го раскинаа договорот во април наредната година по само 23 одиграни натпревари.

Поминаа речиси три месеци пред да најде нов клуб, а на крајот тоа беше Сао Паоло, за кој игра и денес. Ниту во Бразил не игра одлично, па во 22 одиграни натпревари има постигнато два гола и четири асистенции. Но, сега би можел да се врати на голема врата во Бундес-лигата и во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови