
Лионел Меси стана најнаградуван во историјата, откако го освои трофејот на Копа Америка и сега има еден трофеј повеќе од неговиот поранешен соиграч во Барселона, Дани Алвеш.
Долго време Меси не успеа да освои ништо со својата репрезентација, но во последните години стигна до два големи трофеи – Копа Америка и Светското првенство во 2022 година во Катар.

Со „гаучосите“, Меси има и олимписко злато, светско првенство за младинци и трофејот „финалисима”.
Со Барселона, Аргентинецот освои 10 титули во Шпанија, 4 трофеи од Лигата на шампионите, 7 Купа на кралот, 8 Суперкупа на Шпанија, 3 Суперкупа на Европа и 3 Светски клупски првенства.
Во неговата колекција се истакнуваат и две титули и еден Суперкуп на Франција со Пари Сен Жермен, како и еден Лига куп на САД со Интер Мајами.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барселона се пофали со голманот Жоан Гарсија

Евро-фудбал
Барселона се пофали со голманот Жоан Гарсија
