
Шпанската фудбалска репрезентација по рекорден, четврти пат во историјата го освои насловот на европски шампион победувајќи ја репрезентацијата на Англија со 2-1 во финалето на Олимпискиот стадион во Берлин.
Шпанците поведоа во 47. минута со голот на Нико Вилијамс, а во 73. минута израмни Кол Палмер. За конечни 2-1 и славје на Шпанците се погрижи во 86. минута Микел Ојарзабал.
Шпанците во своето петто финале стигнаа до четвртиот наслов, додека Англичаните вторпат по ред загубија во финалето, бидејќи пред три години на својот „Вембли“ беа поразени од Италијанците на пенали.
„Тешко е со зборови да се опише како сите се чувствуваме во моментов. Беше многу тешок натпревар. Добро се вративме во играта и баравме победа. Да се прими гол во последните минути е навистина тешко прифатливо“, изјави капитенот на Англија, Хари Кејн.
„Во првото полувреме се мачевме. Не можевме да ја задржиме топката. Второто полувреме беше подобро, но не успеавме. Пропуштивме голема шанса. Не е лесно да се стигне до финалето и кога ќе влезете во него, тогаш мора да го искористите моментот. Ние не успеавме. Ова е ужасно болно и ќе боли уште долго време. Не знам дали Герет ќе си замине. Му треба време да одлучи. Сакавме да го освоиме насловот за него“, истакна Кејн.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
