Шпанија и Англија вечерва во 21 часот на Олимпискиот стадион во Берлин го играат финалето на Европското првенство. Репрезентациите под водство на селекторите Луис де ла Фуенте и Герет Саутгејт немаат доживеано пораз на турнирот. Но, допрва ги очекува најголемата битка.
Познати се официјалните состави. Луис де ла Фуенте не промени ништо, верува на својата формација, во која влезе Дани Олмо откако се повреди Педри, а на крилните позиции се наоѓаат Нико Вилијамс и Ламин Јамал, заедно со Алваро Мората во средината на навалната линија.
Родри и Фабијан Руиз ја контролираат средината на теренот.
Герет Саутгејт исто така останува верен на својата формација и својот стил. Хари Кејн го предводи нападот, веднаш зад него се Џуд Белингам и Фил Фоден, Букајо Сака на десната крилна позиција, а Деклан Рајс и Коби Мејну ќе ја контролираат средината на теренот.
Единствената дилема беше на левата бековска позиција и за првпат Лук Шо е стартер, таму каде што досега играше Киран Трипие.
ФИНАЛЕ НА ЕВРО 2024, ШПАНИЈА – АНГЛИЈА
Шпанија: Симон, Карвахал, Ле Норман, Лапорт, Кукуреља, Родри, Руиз, Олмо, Јамал, Мората, Вилијамс.
Англија: Пикфорд, Вокер, Стоунс, Гехи, Шо, Рајс, Мејну, Фоден, Белингам, Сака, Кејн.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski