
Модерните технологии одамна се присутни во фудбалот, но дали можат да помогнат да се предвиди што ќе се случи, на пример, во финалето на ЕВРО 2024? Специјалисти, користејќи вештачка интелигенција и електронски фудбалски игри, направија симулација на претстојниот финален натпревар во Берлин меѓу Англија и Шпанија.
Според „предвидувањето“ новиот шампион ќе биде крунисан во неверојатно драматични околности.
За да го разберат исходот од натпреварот однапред, новинарите од англиското издание „Мирор“ го искористија режимот на една од популарните фудбалски електронски игри за да направат симулација на финалниот меч.
Тие ги внесоа стартните 11 на двете селекции, како што се претпоставува дека ќе започнат. Сето тоа, разигрувајќи ги случувањата на теренот, навестуваа дека натпреварот влегува во продолженија.
На крајот, барем според симулација, тимот на Англија е крунисан за европски шампион, откако Герет Саутгејт ќе направи неколку замени кои ќе го решат финалето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
