
Легендарниот напаѓач Алан Ширер, кој сега работи како аналитичар, направи анализа пред финалниот натпревар помеѓу Англија и Шпанија на ЕВРО 2024. Според него, клучна ќе биде борбата во централниот дел на теренот помеѓу Мејну и Родри, што може да го одреди исходот на мечот.
„Ќе има неколку важни дуели. Родри без сомнение е најдобриот во светот во својата улога. Не мислам дека има подобар од него. Тој игра огромна улога во сè што прават Шпанија и Манчестер Сити”, изјави Ширер.
„Исто така, важни ќе бидат дуелите на крилата Нико Вилијамс и Ламин Јамал против дефанзивците на Англија. За Јамал, кој има само 16 години, и да биде на терен е неверојатно, а уште повеќе да постигне таков гол против Франција и да го направи да изгледа толку лесно. Дани Олмо исто така ќе се обиде да постигне гол, за да ја освои ‘Златната копачка’. Тој игра одлично”, додаде тој.
„Коби Мејну, кој успеа да го сопре Родри во финалето на ФА Купот, е фантастичен за Англија на ЕВРО 2024. Тој изгледа толку удобно во оваа улога, иако е млад и нема многу искуство”, дополни Ширер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
