Француската легенда Лоран Блан е новиот тренер на Ал-Итихад, официјално објави саудискиот клуб. Тој ќе го води тимот до јуни 2026 година, со можност за продолжување на договорот за уште една година.
Тренерската позиција во Ал-Итихад е доста нестабилна во последно време – клубот се раздели со Нуно Еспирито Санто и со Марсело Галјардо. Се очекуваше новиот тренер да биде поранешниот тренер на Милан, Стефано Пиоли, но тоа не се случи, а како основна причина се наведуваше ѕвездата Карим Бензема, кој не сакал да работи со Италијанецот.
Според информациите, Лоран Блан ќе добива 10 милиони евра годишно, а е предвиден и огромен бонус ако го освои саудиското елитно првенство.
За последен пат Блан го водеше Лион, а во својата кариера бил тренер на Бордо, селектор на националниот тим на Франција, Пари Сен Жермен и катарскиот Ал-Рајан.
Како тренер, тој е четирикратен шампион на Франција (еден пат со Бордо и трипати со ПСЖ), како и двократен освојувач на Купот на Франција со парижаните. Има освоено и три Суперкупа на Франција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













