
Во Милан размислуваат за можноста да го ангажираат напаѓачот на Борусија Дортмунд, Никлас Фулкруг. Раководството на миланскиот гигант веќе презеде почетни контакти и може да го засили интересот на почетокот на следната недела.
Како што е познато, „росонерите“ се многу блиску до ангажман на Алваро Мората од Атлетико Мадрид, но сакаат да се засилат со уште еден централен напаѓач.
🔴 @DiMarzio: AC Milan interested in Niclas Füllkrug. Initial contacts have been made. pic.twitter.com/zCgTFkcH1a
— Milan Posts (@MilanPosts) July 12, 2024
Од друга страна, Никлас Фулкруг е подготвен да го напушти Борусија по само една сезона во клубот поради одлуката на финалистот во Лигата на шампионите да потпише со Серху Гираси од Штутгарт, наместо да продолжи да се потпира главно на германскиот репрезентативец, кој постигна 15 голови и 10 асистенции на 43 натпревари во сите натпреварувања минатата сезона.
Вчера се појавија информации дека Милан работи и на зделка со Рома за Тами Абрахам. Почетните контакти меѓу двата клуба не биле успешни, бидејќи „росонерите“ дале предлог вклучувајќи го и Лука Јовиќ, но „волчицата“ има други планови.
Интересно е дека ако Фулкруг не прејде во Милан, тој би можел да се приклучи токму на Рома или пак на Болоња, бидејќи 31-годишниот играч има желба да игра во Серија А.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
