Connect with us

Оли Воткинс: Ние сме како Реал Мадрид, не играме добро, ама ќе го освоиме трофејот

Европското првенство во Германија се приближува до крајот. Во финалето на Олимпискиот стадион во Берлин, во недела со почеток во 21 часот, ќе се сретнат репрезентациите на Англија и Шпанија.
За Англичаните, ова е второ последовно финале на ЕВРО, откако пред три години беа поразени од Италија, и сонуваат за освојување на своето второ големо натпреварување и прво од Светското првенство во далечната 1966 година кое го освоија на домашен терен.

Шпанија има можност да го освои своето четврто Европско првенство со што би станале рекордери пред Германија со која моментно го делат рекордот во бројот на освоени трофеи. Шпанија го освои ова натпреварување претходно во 1964, 2008 и 2012 година.


Оли Ваткинс (28), напаѓач на Астон Вила, беше англискиот херој во полуфиналето против Холандија. Тој влезе во игра во 81. минута и десет минути подоцна, во судиското продолжение, постигна гол за 2-1 и пласман на Англија во финалето.

„Гледате некого како Реал Мадрид во натпревар од Лигата на шампионите. Удобно им е без топка, ја имаат таа самодоверба дека ќе постигнат гол штом ќе ја добијат топката“, изјави Воткинс.

„Чувствувам дека и овде е исто. Ни треба само една шанса и можеме да го добиеме натпреварот. Не е важно дали играме лошо, сè уште го имаме тој талент од светска класа каде можеме одеднаш да се појавиме и да постигнеме гол“, истакна напаѓачот на Астон Вила.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови