Напаѓачот Чиро Имобиле веќе може да се смета за сигурно засилување на Бешикташ. Синоќа тој отпатува за Истанбул за да помине медицински прегледи и да го потпише договорот со клубот.
Од турскиот клуб дури веќе го претставија 34-годишниот голгетер како свој играч.
Имобиле се договори да потпише договор со Бешикташ за следните две години, при што дури се согласи да зема помала плата во клубот за да може полесно да се платат бараните од Лацио околу 3 милиони евра за неговите права.
👑👑👑👑 pic.twitter.com/XP8YVyu7lb
— Beşiktaş JK (@Besiktas) July 12, 2024
Напаѓачот пристигна во Лацио од Севилја во 2016 година и стана клучен играч на тимот, за кој одигра 340 натпревари и постигна 207 голови.
Сепак, последната сезона беше тешка за Имобиле, кој имаше некои несогласувања со навивачите, откако за малку не замина во Саудиска Арабија, но потоа остана на „Олимпико“.
Тој беше прогонуван од повреди и ја загуби својата најдобра форма, што доведе до негова елиминација и од плановите на селекторот на Италија, Лучијано Спалети, за ЕВРО 2024.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













