Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Гарет Саутгејт, истакна дека неговиот тим ќе мора да биде “тактички совршен” за да ја победи Шпанија во утрешното финале на Европското првенство.
Англија се пласираше во финалето на Европското првенство со победа против Холандија 2-1, а Шпанија исто така победи со 2-1 против Франција.
Саутгејт трипати на последните четири големи натпреварувања го доведе тимот до полуфинале. Тој рече дека трикратниот европски шампион е фаворит во финалето, кое се игра во недела од 21 часот во Берлин.
„Тие со право би биле фаворити поради она што го направија на овој турнир. Тие беа најдобриот тим. Имаа еден ден повеќе одмор, а во последните три финалиња, можеби и повеќе, тоа беше многу значајно, така што мораме да се опоравиме. Тактички мораме да бидеме совршени, затоа што тие се добар тим. Но, тука сме“, изјави Саутгејт.
Репрезентативецот на Англија, Деклан Рајс, рече дека за тимот ќе биде мотивација поразот од Италија во минатото финале на Европското првенство 2021. Англија во финалето во Лондон загуби по пенали (2-3), откако по продолженијата беше 1-1.
„Засекогаш ќе ме прогонува тоа што Италија го подигна трофејот. Сега ни се пружа уште една можност да ја пишуваме сопствената историја, но играме против друг квалитетен тим кој мораме да го почитуваме. Се надевам дека сега ќе успееме. Не само за нас, туку и за селекторот. Мислам дека тој тоа го заслужува“, рече Рајс.
Неговиот соиграч Кол Палмер рече дека тимот може да ја “заврши работата” и со триумф во Берлин засекогаш да ги промени своите животи.
„Во првите неколку натпревари на турнирот, не игравме најдобро што можевме и сите го знаат тоа. Но како што напредуваше турнирот, мислам дека во полуфиналето одигравме најдобар натпревар, а тоа е она што го сакате кога влегувате во завршницата“, додаде Палмер.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski