Connect with us

Артета го сака Микел Мерино во Арсенал

Арсенал се обидува да го засили тимот за новата сезона во Премиер – лигата. Менаџерот Микел Артета воспостави контакт со играчот за врска на Реал Сосиедад, Микел Мерино. Тој беше стрелец на сензационалниот гол за Шпанија во четвртфиналето на ЕВРО 2024, кога во 119.минута донесе триумф за „црвената фурија“ против Германија.

Се очекува 28-годишниот фудбалер да го напушти шпанскиот клуб овој месец бидејќи му останува само една година од договорот. Реал Сосиедад бара 27,5 милиони фунти.

Во последните пет години, играчот за врска пропушти само 13 натпревари за својот сегашен клуб. Микел Артета смета дека тој би бил одлично засилување за „топчиите“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови