Јувентус продолжува да бара опции за засилување на одбраната за новата сезона. Според медиумите на Островот, последното име кое се поврзува со „бјанконерите“ е Беноа Бадијашил од Челси.
Првата опција за Јувентус останува Рикардо Калафиори од Болоња. Сепак, во овој момент доведувањето на италијанскиот репрезентативец изгледа тешко достиќно за тимот од Торино. Тој е многу поблиску до трансфер во Арсенал. Поради тоа, Јувентус се разгледува и други опции, меѓу кои е и Бадијашил.
23-годишниот Французин не успеа да го покаже својот целосен потенцијал по трансферот на „Стемфорд Бриџ“ од Монако во јануари 2023 година. Сепак, тој игра со левата нога, а Тијаго Мота бара токму таков играч и смета дека може да го извади најдоброто од Французинот ако го доведе на стадионот „Алијанц“.
Челси е подготвен да се раздели со дефанзивецот доколку добие добра понуда. Се смета дека понуда од околу 40 милиони евра би ги задоволила раководните луѓе на лондонскиот клуб.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













