
Македонскиот претставник Шкендија денеска (18 часот) во Ереван ја почнува новата европска авантура во Конференциската лига. Ривал на тетовци ќе биде ерменскиот тим Ноа, кој има моќна финансиска подлога, а ова лето го купи и најдобриот играч на Шкендија, Ералдо Чинари.
„Шкендија по традиција игра добро во Европа, а ние ќе се потрудиме да ја продолжиме традицијата. Имавме проблеми со повреди и со здравствени проблеми на одредени фудбалери, но подготвени сме да го дадеме максимумот и веруваме дека можеме да стигнеме до позитивен резултат. Од друга страна, имаме максимален респект за ерменскиот фудбал и за екипите од оваа држава“, изјави тренерот Јетон Беќири.
Тој има главоболки со составот со оглед дека Зија Мерџани се повреди, а Енур Тотре и Камер Ќака не се во најдобра здравствена состојба. Но, мотивите кај фудбалерите на Шкендија се огромни да извлечат поволен исход од ова гостување, пред реваншот во Скопје.
Натпреварот меѓу Ноа и Шкендија се игра на стадионот „Абовјан“ во Ереван, со почеток во 18 часот, со директен пренос на МТВ 2 и на МТВ 3.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
