Фудбалските репрезентативци на Франција, кои утревечер ќе играат во полуфиналето на ЕВРО 2024, ги коментираа резултатите од вториот круг на парламентарните избори во својата земја.
Вториот круг на парламентарните избори во Франција заврши со големо изненадување. Според резултатите од излезните анкети, победи лево ориентираната партија Нов народен фронт која ќе добие од 172 до 192 места. Второ место го зазеде партијата Преродба на Емануел Макрон, која би можела да добие од 150 до 170 места.
Третото место го зазеде крајната десница Национален фронт на Марин Ле Пен. Таа победи во првиот круг на гласање, освојувајќи 33,2 проценти од гласовите и беше очигледен фаворит за вториот круг.
За време на ЕВРО 2024, француските репрезентативци говореа против Ле Пен. Најпознат беше Килијан Мбапе, кој ги поттикна своите сонародници да излезат на избори и да гласаат против партијата на Ле Пен.
„ЕВРО 2024 е многу важно место во нашите кариери, но пред сè ние сме граѓани. Не треба да се одвојуваме од светот што нè опкружува. Уште повеќе кога е во прашање нашата држава. Ова е ситуација без преседан – би се обратил до целиот француски народ, особено до младата генерација“, рече Мбапе.
„Ние сме генерација која може да направи промена. Екстремистите се пред вратите на власта – имаме можност да ја избереме иднината на нашата земја. Ги повикувам младите да гласаат и да обрнат внимание колку е оваа ситуација важна. Се надевам дека мојот глас ќе биде слушнат. Мора да се идентификуваме со оваа земја, мора да се идентификуваме со нашите вредности – како што се различноста, толеранцијата и почитувањето“, додаде Мбапе.
Новиот напаѓач на Реал Мадрид сè уште не ги коментираше резултатите од вториот круг на изборите. Меѓутоа, други француски играчи го направија тоа.
„Олеснувањето е големо како и стравовите што ги имавме последните недели. Огромно е. Честитки до сите Французи кои се мобилизираа за да спречат оваа прекрасна земја да падне под власт на крајната десница“, напиша стоперот на Барселона, Жул Кунде, на Твитер.
„Победа за луѓето“, додаде Аурелиен Чуамени од Реал Мадрид. На социјалните мрежи реагираше и Маркус Турам од Интер. Прво објави насмеана фотографија на својот Инстаграм стори, која подоцна ја дополнуваше со зборовите.
„Честитки на сите кои одговорија на опасноста што се надвисна над нашата земја. Да живее различноста, да живее републиката, да живее Франција. Борбата продолжува“, напиша Турам.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski