
Германскиот ас Тони Крос ја заврши фудбалската кариера. Откако се збогува со Реал Мадрид по завршувањето на клупската сезона, сега Крос дефинитивно ги остави копачките затоа што и Германија е елиминирана од Европското првенство
Првото прашање на германските новинари беше дали ќе се врати да живее во својата земја или ќе остане во Шпанија, каде живее веќе 10 години.
„Германија веќе не е земја каква што беше пред 10 години и тоа е поради масовната миграција. Прашањето околу масовната миграција стана премногу неконтролирано. Секаде има проблеми. Премногу луѓе има насекаде во градовите, а проблемот е затоа што не можете да ги разликувате добрите од оние кои не се добри. Ќе останам во Шпанија, мислам дека таму е многу подобро во моментот за моето семејство. Не сум сигурен дека во Германија можам да ја пуштам мојата ќерка сама да излезе навечер“, изјави Тони Крос и предизвика многу бура во германската јавност.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
