
Очекуваниот трансфер на Мајкл Олисе од Кристал Палас во Баерн Минхен е реализиран. Баварците ја активираа откупната клаузула во договорот на крилниот напаѓач вредна 53 милиони евра.
22-годишниот фудбалер потпиша договор со германскиот гигант за период од пет години.
Олисе денеска пристигна во Минхен и успешно ги мина медицинските тестови. Тој пред неколку недели ги прифати личните услови кои ги понуди Баерн и јасно стави до знаење дека сака да ја продолжи кариерата на „Алијанц Арена“, иако за него интерес имаше и од Манчестер Јунајтед, Челси и од Њукасл.
„Разговорите со Баерн беа многу позитивни и среќен сум што му се приклучувам на еден толку голем клуб. Се надевам дека тимот ќе освои многу титули во следните години“, изјави Олисе за официјалниот сајт на Баварците.
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) July 7, 2024

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
