Селекторот на Турција, Винченцо Монтела, филозофски го прифати портазот (1-2) од Холандија во четвртфиналето на ЕВРО 2024. Тој изјави дека неговиот тим имал сон и бил близу до негово остварување, така што треба да се гордеат со постигнатото во Германија.
„Имавме сон и бевме многу блиску до него. Жалиме што загубивме, но не треба да го прифатиме ова како разочарување. Стигнавме толку далеку, можеше и повеќе, но тоа е фудбалот… Немавме како да се потпреме на искуството, бидејќи сме со најмладиот тим на турнирот. Во некои моменти можевме да се справиме подобро, но сите неутрални навивачи почнаа да нè симпатизираат поради нашиот начин на игра. Треба да го задржиме овој тим. Упативме повеќе удари од противникот, но треба да научиме како подобро да ги користиме шансите. Очекувањата беа големи, но треба да се гордееме со постигнатото“, смета Монтела.
„Можеби сега треба да обрнеме внимание на убавите нешта. Секако дека сме разочарани од овој натпревар, бидејќи заслужувавме повеќе. Во исто време, сепак, запишавме три победи, израмнувајќи го нашиот рекорд на европските првенства, а сите победи дојдоа во регуларното време“, додаде Италијанецот.
„Неискуството си го направи своето. Во одредени моменти можевме подобро да одиграме. Ако одигравме подобро второ полувреме, ќе бевме совршени. Но, имаме фудбалери кои не играат редовно во своите тимови. Тие немаат искуство на ова ниво, во моментот собираат такво. Овој тим се претстави добро и јас сум горд. Иднината е пред нас“, убеден е селекторот на Турција.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski