Connect with us

Холандија закажа полуфинален дуел со Англија (ВИДЕО)

Холандија е последниот полуфиналист на Европското првенство. Селекцијата на Роналд Куман закажа полуфинален дуел со Англија откако со пресврт (2-1) ја совлада Турција.

Самет Акајдин во 35.минута донесе водство за Турција.

Во вториот дел, сепак, Холанѓаните направија пресврт.

Стефан Де Фрај во 70.минута израмни со удар со глава, а шест минути подоцна се случи целосен пресврт. Мулдур во обид да расчисти во дуелот со Гакпо, на крајот си ја затресе сопствената мрежа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови