Селекторот на Австрија, Ралф Рангник, беше многу разочаран по поразот од Турција (1-2) и елиминацијата на неговата репрезентација во осминафиналето на ЕВРО 2024. Тој призна дека сѐ уште не може да поверува дека се елиминирани.
Според Рангник, неговиот тим немал среќа на овој натпревар, а го спореди и голманот Мерт Гунок со легендарниот Гордон Бенкс.
„Немавме доволно среќа. Мислам дека ако натпреварот одеше во продолженија ќе победевме. Имавме време да израмниме, но тешко е кога противникот го има Гордон Бенкс на голот. Не ги искористивме доволно нашите шанси и нѐ казнија од статични позиции“, изјави Рангник.
„Сите четири натпревари што ги одигравме беа многу возбудливи. Не одеше сè според планот, но испаднаа интересни, забавни и интензивни натпревари. Сега овие настапи треба да ги пренесеме во Лигата на нации и квалификациите за Светското првенство. Сепак, не можам да верувам дека ќе си одиме дома, верував дека ова патување ќе продолжи“, додаде селекторот на Австрија.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski