Connect with us

Нагелсман: Данска ќе ни биде тежок противник во осминафиналето

Селекторот на Германија, Џулијан Нагелсман, зборуваше пред осминафиналниот дуел со Данска од ЕВРО 2024. Тој изрази високо мислење за селекторот на „црвениот динамит“, Каспер Хјулманд, и сподели дека со интерес го очекува натпреварот.

Данска ќе се обиде да потсети на славната победа во финалето на ЕВРО 1992.


„Последен пат го сретнав Хјулманд на семинар во Диселдорф. Тој е брилијантен тренер. Како човек е супер учтив, разговарав со него за фудбал. Со нетрпение очекувам да го видам. Тие се добро организиран тим, кој може да понуди висока пресинг, високо ниво на физичка сила и исто така длабока одбрана. Тие имаат фази во играта, во кои се бранат многу агресивно и со едно додавање можат да стигнат во последната третина. Поседуваат добра физичка моќ и јасна структура, секако ќе бидат тежок противник за нас“, изјави Нагелсман.

Антонио Рудигер е под знак прашалник за натпреварот со Данска. Дуелот меѓу Германија и Данска се игра утре од 21 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови