Тензијата во кампот на Англија расте, откако тимот успеа да победи само еден натпревар во групната фаза на ЕВРО 2024. Селекторот Герет Саутгејт, ги прифаќа критиките за перформансите на неговите играчи и презема мерки за зголемување на нивната мотивација за победа.
„Ги разбирам вашите критики 100 проценти. Тоа е мојата работа. Се обидов да ги мотивирам играчите, покажувајќи им фотографии од Италијанците како слават, а потоа и од Унгарците кои се трети и не знаат дали ќе продолжат понатаму. Играчите ја разбраа мојата порака“, изјави Саутгејт.
Селекторот на Англија исто така ја изрази својата увереност дека тимот ќе биде на врвно ниво во завршницата на Европското првенство. Всушност, за големите селекции дури сега почнува најважниот дел од ЕВРО 2024.
„Не жалам за ништо. Сите треба да застанат зад нас. Јас ја преземам одговорноста. Треба максимално да им помогнеме на играчите. Им ја вративме радоста да играат за Англија, што е добар почеток“, истакна Саутгејт.
Во осминафиналната фаза, Англија ќе се соочи со тимот на Словачка.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













