Групната фаза на Европското првенство во Германија заврши и познати се 16-те најдобри екипи на континентот. Првиот натпревар од осминафиналето ќе се одигра во сабота на 29 јуни, а последните натпревари ќе се одиграат во вторник на 2 јули. Со ова е познат и целиот костур на жребот до крајот на турнирот.
Едниот дел од жребот е значително посилен од другиот и таму се речиси сите фаворити. Во овој дел ќе играат Шпанија, Португалија, Германија и репрезентациите кои ќе го играат најголемото дерби на осминафиналето, Франција и Белгија.
Другата страна од костурот изгледа многу послабо и изгледа дека патот до финалето е отворен за Англија, која во осминафиналето ќе игра против Словачка. Во тој дел е и Италија која на почетокот на нокаут фазата ќе игра против Швајцарија.
ЕВРО 2024 – ОСМИНАФИНАЛЕ
Шпанија – Грузија
Германија – Данска
Португалија – Словенија
Франција – Белгија
Романија – Холандија
Австрија – Турција
Англија – Словачка
Швајцарија – Италија

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













