Досегашниот селектор на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ, нема да ја извршува таа функција во иднина, објави српски „Курир“.
По неуспехот на Европското првенство и неубедливите игра на српската репрезентација, Драган Стојковиќ ќе добие отказ.
Според информациите на овој весник, има многу фактори кои влијаеле Стојковиќ да стане поранешен селектор, а покрај недостатокот на резултати, тука се и нарушените односи со носителите на репрезентацијата, капитенот Душан Тадиќ, како и Александар Митровиќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ…
Драган Стојковиќ пред Европското првенство го продолжи договорот со Фудбалскиот сојуз на Србија до 2026 година. На него ќе треба да му бидат исплатени повеќе од 1.000.000 евра поради предвремен раскин на соработката.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













