Connect with us

Скромен пречек за Хрватите: Само триста луѓе ги поздравија Модриќ и друштвото на аеродром

Фудбалската репрезентација на Хрватска се врати во земјата по завршувањето на Европското првенство во Германија. Тие одиграа три натпревари во групната фаза, при што тимот на Златко Далиќ заврши на третото место во групата Б.

Со само два освоени бода од натпреварите против Шпанија (0-3), Албанија (2-2) и Италија (1-1), не успеаја да се пласираат меѓу четирите најдобри третопласирани тимови и да продолжат понатаму на турнирот.

Селекторот Златко Далиќ и играчите се вратија денес попладне во Хрватска, а на аеродромот ги пречекаа само околу триста луѓе. Ова јасно укажува дека не ги исполнија очекувањата на ЕВРО 2024.

Во Германија останаа Јосип Станишиќ, Марин Понграчиќ и Лука Сучиќ, кои наместо за Загреб, заминаа кон Минхен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови