
Фудбалерите на Холандија ја изразија својата разочараност од изненадувачкиот пораз со 2-3 од Австрија, кој ги спушти „лалињата“ на третото место во нивната група на Европското првенство 2024.
„Започнавме слабо. Особено во контролата на топката и дуелите. Ни недостасуваше енергија и заостанувавме во играта. Разговаравме на полувремето и сите сме согласни дека не е во ред да играме така на ваков турнир. Немам објаснување во овој момент. Ако сакаме да постигнеме нешто на ЕВРО 2024, ќе треба многу брзо да го промениме нашиот пристап. Сите сме виновни за сегашната ситуација“, изјави капитенот Вирџил ван Дајк.
Стрелецот на еден од головите, Коди Гакпо, исто така го изрази своето разочарување од неочекуваниот пораз.
„Не сум задоволен. Тешки зборови си разменивме со селекторот и останатите играчи. Ни недостасуваше енергија. Не започнавме доволно свежи и енергични. Воопшто не излеговме да играме фудбал. Во второто полувреме работите се променија, но не беше доволно“, изјави Гакпо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
